Туристите фрлаат отпад, Комуналец чисти во три смени

Бројните туристи во Охрид без трошка еколошка култура.

Отпадоци од храна и пијалоци се фрлаат и оставаат по охридската чаршија, во градските паркови на кејот и плоштадот. Иако има доволен број на корпи за отпадоци се уште нема навика  за хигиена. Отпадоци се фрлаат и во езерото на кејот. КОмуналец во три смени чисти зад несовесните граѓани. 

– Mаксимално ангажирани се сите работни единици, расположливата механизација и ресурси на Ј.П. “Охридски Комуналец”. Се работи  во три смени на метење, собирање и подигање отпад. Се расчистуваат локациите каде има зголемена посетеност на гости и фреквентните улици во центарот на градот, информираат од ЈП Охридски комуналец. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани