„Стави појас“, порачува полицијата

Денеска полицијата го реализира проектот „Стави појас“.

Отсекот за превенција при СВР Охрид денеска, со помош на Републичкиот  совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, го реализира сообраќајно-превентивниот проект „Стави појас“. На сообраќаен пункт поставен на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Подмолје, полициски службеници, на возачите на моторни возила им подарија маички со натпис СТАВИ ПОЈАС, миризливи освежувачи за автомобил и флаери со едукативна содржина и практични совети за поголема безбедност во сообраќајот. Целта на оваа активност е зголемување на свеста и совеста кај возачите, за постојано користење на безбедносните појаси при управување со моторните возила а со тоа и зголемување на сообраќајната безбедност.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани