Во чест на прерано починатиот градоначалник проф.д-р Јован Стојаноски се потсетуваме на неговото учество во првата дебатната емисија „П?АШАЛНИК“.
Тоа е неговото последно гостување во ТВМ ТВ на 13 Ноември годинава.
Отворено зборуваше за постигнатите успеси, за намалените долгови на општината, за реализираните проекти. Несебично, успесите , не си ги препишуваше себеси. Велеше тоа е резултат на долгогодишната работа и на моите претходници и на моите соработници. Зборуваше и за големите проблеми, финансиските тешкотии и предизвици. Рече „Првата година секогаш е најтешка!“ „Не е лесно да се биде на мојата позиција! “
Не критикуваше,не навредуваше, не обвинуваше! Стојаноски велеше„ Не сакам да зборувам лошо за моите претходници“! Постојано повикуваше, без разлика на политичкото убедување, да се работи здружено , заеднички за доброто на Охрид.
Беше доблесен , приземен, народен, единствен по тоа што умееше да ги увиди и признае сопствените грешки. Но беше и премногу амбициозен, вреден со јасна визија за подобро утре!
Беше човек со многу планови,желби и проекти кои требаше да се остварат во неговиот мандат…… желен за родниот град да го види како современа туристичка метропола, која ќе биде поубаво место за живеење!
Новинарите ќе го паметат по неговиот гостопримлив и срдечен однос. Отворен за соработка, транспарентен и секогаш ведар и насмеан. Охрид тагува …..изгуби Голем човек. Почитуван професор, кој несебично го споделуваше своето знаење со сите! Градоначалник кој наоѓаше време за сите и за се!
Почивај во мир професоре!
Соња Рилковска
