Странци казнети во Охрид се движеле во полициски час.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.Е.(36) од Русија и Џ.Ј.(24) од скопското село Глумово. На 05.06..2021 година во 00.25 часот, полициски службеници кај охридското село Подмолје, сопреле патнички автомобил „Хјундаи Гец“ со регистарски национални ознаки од Црна Гора што го управувала руската државјанка и констатирале дека таа и сопаникот Џ.Ј.не поседуваат соодветна дозвола за движење. Со тоа, пријавените ја прекршила мерката за забрана за движење на населението за време на полициски час заради спречување на ширење на коронавирус Ковид-19, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
