Странци се повеќе купуват имоти во Охрид. Најчесто иселеници, повозрасни лица одлучуваат пензионерските денови да ги минат во родната земја, крај брегот на Охридското езеро.
Ги напуштаат Америка, Австралија и Европа, а странските пензии во мирниот Охрид им ветуваат раскошна и спокојна старост.
Најинтересно е тоа што станови и куќи на атрактивни локации на брегот на Охридското езеро купуваат и странци кои немаат македонско потекло.

– „Најчести купувачи на станови и куќи во Охрид се пред се клиенти од останатите делови од Македонија, иелениците и странци кои зафаќаат околу 70% од вкупната продажба на станови. Тие се појавуваат како купувачи со цел да ги користат недвижнсотите за домор но и за семејно домување во периодот по нивното пензионирање.Останатит дел од продажбите се за охриѓани кои купуваат за семејно домување“, вели Наташа Спасевска сопственик на агенција за недвижности „Капитал“.
Туристи од Англија, Америка, Холандија си купуваат станови и апартмани. Дваесеттна семејства од Холандија купиле недвижнини на брегот на Охридското езеро. Покрај луксузни апартмани се купуваат и куќи во Стариот дел на градот.
-„Куќите во Стариот дел на градот се продаваат и понатака се барани особено е значајно да се истакне дека како купувачи се јавуваат старнски државјани. На пример минатата година една англичанка купи куќа во срцето на стариот град во непосредна близина на старите рибарници. Тие се воодушевени од Охрид кога ќе додјат и носат одлука дел од животото да го поминат во Охрид. Купуваат за постојано домување или домување од бизнис интереси за преадаптација в туристички апартмани“ , додава Спасеска.
Странците се воодушевуваат од природните и културните вредности на Охрид,традицијата и љубезноста на охриѓани. Тие едноставно се вљубиле во градот.
– „Г-ѓа Џени од Англија која се надевам ке ја запознаете е воодушевена од самиот град, езерото, воздухот, многубрјните цркви споменици на Охрид. Особено е воодушевена од топлината на луѓето, нашето традиционално готопримство, истто така е воодушевена од нашата храна. Таа е веќе промотор на нашите вредности го кажува ова на нејзините пројатели и ги носи тука. Така што ние сме среќни то го имаме и живееме во Охрид.
Луксузните скапи апартмани и куќи иселениците честопати ги плаќаат со станбен кредит, бидејќи странските примања им дозволуваат, за неколку години да ги исплатат во целост.
Новинар Соња Рилковска
