Последната стратегија за туризам во Охрид ја изработувал агроекономист ангажиран од Swisscontact , затоа не била усвоена и градот се уште е без туристички правец,реагира стручната јавност.
Професорот Науме Мариноски од Факултетот за туризам вели експертската јавност мора да биде вклучена во изработката на овој значаен документ за туризам. Стратегијата не смее да ја изработуваат некомпетентни лица , а не може да ни ја кројат ниту странски експерти, бидејќи недоволно ги познаваат домашните прилики.

-„Јас секогаш реагирам на стручност и компетентност. И во овој случај и во случајот со стратегијата на Р Македонија исто така реагирав. Јас тоа го правам со добра намера со намера да се ангажираат сите експерти кои имаат различни профили во третманот на оваа проблематика и никој пат ние како факултет не настапуваме само од една гледна точка на просторот или социолошка или економска гледна точка туку гледаме сите тие компоненти да ги обединиме и да можеме да изнајдеме позитивни решенија“ , вели професорот Науме Мариноски.
Масовниот туризам никако не смее да биде ставен во втор план, како што сугерираат дел од изработувачите на стартегијата, преферирајќи развој на алтернативен туризам.
– „Ние денес зборуваме за еден милион посетители и со тоа сметаме дека сме успеале, а ако е тоа така не можеме да речеме дека масовноста треба да биде намалена. Напротив , значи ние сакаме што е можно повеќе туристи да имаме но со дисперзирани пристапи во таа реализација значи солгасно просторните можности сите тие компоненти да ги ставиме во функција“, додава Мариноски.
Се очекува наскоро да започне изработката на нова стратегија за туризам во Охрид во која експертската јавност ќе понуди бројни решенија за подобрување на туризмот.
Мариноски вели од старата стратегија, која не беше усвоена , ќе се искористат само позитивните добри решенија, се што е нестручно и погрешно ќе биде отфрлено.
Новинар Соња Рилковска
