Не се дозволени посети на ковид позитивните пациенти, кои се лекуваат во модуларните болници во Охрид и Струга.
Блиските на болните сите информации за пациентите ги добиваат во амбулантата од медицинскиот персонал. Станува збор за исклучително заразна болест , па токму затоа недозволено е да се посетуваат заболени од корона. Медициснкиот персонал работи под посебни протоколи, скафандери, заштитни маски, визири, ракавици и дезинфекциони средства за заштита од вирусот.
Во Ковид болниците во Охрид и Струга строго се забранети посети во модуларните болници, тврдат директорите.
-„Не смеат да влегуваат посетители во модуларната болница. Досега никој не влегол. Вратите се заклучени, а информациите се добиваат во амбуланта“, вели Горан Балевски за Охриднет.
Иста е состојбата и во Струга.
-„Шест сестри и тројца лекари се грижат за ковид пациентите во модуларната болница во Струга. Посети на болните се строго забренети и не се дозволуваат“, вели Арменд Арслани директор на струшката болница.
Прашањата следуваат после страотниот пожар во тетовската болница, каде на роднините им се дозволувало да влегуваат како придружба на болните во модуларната болница.
