Струга домаќин на „Фолклорен мост“

Утре, Струга ќе биде домаќин на 11-та Меѓународната манифестација „Фолклорен мост“.

Овој значаен настан е во организација на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ а според програмата,во духот на традицијата,манифестацијата ќе започне со дефиле на околу 100 учесници низ струшката чаршија и со настап на платото пред Центарот за култура.Според најавената програма, учество ќе земат културно уметничките друштва „Илинден“ – Струга, „Дримкол“ од Вевчани, „Фолклористи“ – с. Лескоец, „Везилка“ – Прилеп,„Бисер“ – Кичево, како и ансамблите „Гоце Делчев“ од Битола, „Црна Гора“ од Подгорица и „Стив Наумов“ од Логоврди.

Манифестацијата „Фолклорен мост“ во Струга започнува во 20 часот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани