Во предворјето на црквата Св Софија, вечерва, Камерниот театар 55 од Сараево,ќе ја изведе театарската претства „Жаба“.
„Жаба“ е необична драма и локална сараевска приказна,но исто така и универзална бидејќи се однесува за сите луѓе од денешницата, време на неразбирање, осаменост и потрага по љубовта и смислата на животот. Текстот зборува за постранзициското општество, актуелно во деловите на некогашната Југославија. Приказната е за повоено Сараево, за потрагата за смислата, фрустрациите, откривање на бесмисленоста која владее во разрушениот систем. „Жаба“ е локална сараевска приказна за четворица луѓе од Сараево, но универзална бидејќи проблемите со кои се соочуваат ликовите се проблеми на сите нормални луѓе кои живеат во еден уништен свет. Овој жанр е најтешкиот во театарот, психолошки реализам, сурово огледало на животот. Нема суфлери, светлосни ефекти, музика, вели познатиот босански актер Емир Хаџихафизбеговиќ, директор на камерниот тератар и еден од четирите ликови во претставата. „Жаба“ е култна претстава на Камерниот театар 55 која има доживеано над 200 изведби.Необичната психолошка драма „Жаба“ е работена според текст на Дубравко Михановиќ, во режија на Елмир Јукиќ. Претставата ќе се игра во предворјето на црквата Св.Софија со почеток во 21 часот.