Наближува еден од најраскошните и највеличествени православни настани кај нас – СТРУШКАТА ЃУРЃОВДЕНСКА ЛИТИЈА, која традиционално, на 7-ми мај, секоја година, го привлекува вниманието на целиот православен свет.
Илјадници верници утре во Струга ќе ги пречекаат светите мошти на св. Георгиј Победоносец и неговата чудотворна икона, како и чудотворната икона на Мајката Божја „Богородица Крнинска”. Оваа свеченост сѐ повеќе е препознаена како интернационален културен настан и го привлекува интересот, не само на православните верници од нашата Татковина и од соседните земји, туку воопшто, и интересот на туристите кои доаѓаат со намера да го проследат.
Богослужбата во централниот храм Свети Ѓорѓи започнува во 16ч а литијата традиционално во 17ч.