Кризниот штаб на општина Струга против барањето на Охрид да се забрани влез за жителите од другите градови. Охрид и Струга се два неразделни града и семејно блиски ,но и поради бизнис интереси.
Граѓаните доволно е да ги почитуваат препораките на владата и така да се заштитат од ширење на корона вирусот.

-„ Ние не сме надлежни за такви одлуки нив ги носи централната власт по препорака на експертите. Ова се два поврзани градови и фамилијарно, и работа и бизнис и се. Мора да се координираме“, вели Дашмир Насуфи од Кризниот штаб на општина Струга.
Не е хумано да се забрани посетата на Охрид рече докторот Жарко Караџовски во вчерашната видео инфосесија на Владата.
Од друга страна кризниот штаб на општна Охрид не го повлекува барањето за забрана за влез на жители од други градови особено во пресрет на Велигденските празници.

– „Охрид во екот на Велигденските празници е привлечен и интересен па и во вакви услови кога треба да се седи дома луѓето мислат дека на овој простор се чувствува посебна духовна енергија поради бројните цркви. Па затоа апелирам до сите оние кои што планираат да доаѓаат од други градови да се воздржат во овој период“ , вели Сашо Точко директор на Центарот за јавно здравје.
Охриѓани го поддржаа ова барање со оправдувачки коментари на социјалните мрежи.
Новинар Соња Рилковска
