Струшките пензионери во посета на Прилеп

Од поодамна воспоставената соработка на културен план меѓу двете пензионерски здруженија од Струга и Прилеп,на 10 мај 2019 година,гости на прилепските пензионери им беа членовите на мешаната пеачка група Распеани струшки пензионери „ЕЗЕРСКИ БРАН“која работи во состав на ЗП Струга,под раководство на председателката на групата Нада Чоторошкоска.

Двасетина членови на групата со својот професор по музика Стојче Дејкоски,предводени од претседателот на ЗП Струга Милорад Трпоски,ги испееа песните „Абре моме,мало моме,„Излегла Евда низ чаршија“и „Доста,доста лично бре моме“а ги изиграа ората кои ги припремаа за настапот на 17 – та регионална Ревија на песни,музика и гри кои ќе се одржат на 20 мај во Вевчани.Оваа средба беше организирана од Роберт Тодороски,претседател на републичката хуманитарна невладина организација „Здружени срца“со седиште во Прилеп.Овој настан се случи на градскиот плоштад„ Методија Андонов Ченто“

-„Прилепските пензионери и другите гости ,од здруженијата на пензионери на 28 градови кои ги наградија со долготраен громагласен аплауз.Плоштадот во Прилеп беше претесн за повеќе од 250 пензионери и дрги посетители на кои многу им се допадна оваа весела атмосфера,заедно со домаќините го продолжија заедничкото дружење.
Музичката пензионерска средба ја поздравија:претседателот на републичката хуманитарна невладина организација Роберт Трајкоски.Тој на сите учесници им заблагодари за учеството а посебно ја нагласи традиционалната соработка со ЗП Струга,и им посака уште многу вакви и слични пензионерски весели,музички и други средби.зошто со овие и вакви средби со музика и песна поубаво се старее“, информираат од Здружението на пензионери Струга. 

По завршување на музичкиот блок сите претседатели и водичите на другите групи претседателот на „Здружени срце“ги прими во својот кабинет,каде што секој од нив донира финасиски средства во поставената кутија,кои финасиски средства ќе бидат наменети на лице од Делчево,кои му се потребни за негово лечење. Струшките пснзиоре забавата ја продолжија на ручекот во националниот ресторан „Македонска куќа “во Прилеп.

СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани