Стружанец со лопата и тупаници против сопругата и синот

Во состојба на пијанство и агресивност, стружанец започнал караница со сопругата и синот а потоа со лопата и тупаници ги нападнал. Сопругата поминала со сериозни повреди.

 

Како што стои во соопштението на Канцеларијата за односи со јавноста при СВР охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.Б.(50) од Струга.
-На 18-ти минатиот месец во 23 часот и 30 минути, пријавениот во видно алкохолизирана состојба физички ги нападнал неговата сопруга и синот, удирајќи ги со тупаници по целото тело. Потоа, со лопата која ја земал од дворот, се обидел повторно физички да го нападне синот. Бидејќи не успеал во намерата, тој извршил оштетување на дел од покуќнината. Видно агресивен, пријавениот Д.Б. на сопругата и синот им упатил сериозни закани по нивните животи, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Со брза интервенција на полициските службеници, спречено е неговото натамошно агресивно однесување по што, Д.Б. е приведен во полициската станица во Струга.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани