34 годишен охриѓанец, крвнички ја претепал својата 80 годишна баба и ја повредил по целото тело. Несреќната жена била пренесена во болница.
СВР Охрид информира дека поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, има поднесе кривична пријава против А.А.(34) од Охрид.
-Пријавениот, казненото дело, пријавениот го сторил на 31 јули оваа година во 23 часот и 30 минути во својот дом на улицата ,,Сирма Војвода” во Охрид. Тој започнал да тропа на вратата од спалната соба која била заклучена а во која спиела неговата 80 годишна баба. Откако ја отворила вратата, пријавениот влегол внатре и физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници по главата и телото, при тоа нанесувајќи и повреди и крвни подливи., информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.