Стружанец со нож го повредил својот брат

Стружанец тешко го повредил својот брат откако претходно со него жестоко се карал за нерешените имотни односи. 

Според полициското соопштение,  СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.Н. (28) од Струга,  за сторено кривично дело “тешка телесна повреда при семејно насилство“ по чл. 131 став 2 од КЗ на РМ. 
Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид информира дека настанот се случил на петти август годинава во семејниот дом на пријавениот. 
– По нарушени семејни и нерасчистени имотно правни односи, дошла до вербална и физичка расправија помеѓу пријавениот и неговиот брат О.Н.  при што во еден момент Т.Н. со џебен патент нож му нанел повреди во пределот на стомакот на неговиот брат, по што избегал од местото на настанот, изјави портпаролот Димоски. Додаде дека  повредениот бил пренесен на хирушко одделение при Медицинскиот Центар во Струга каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани