Градските советници на следната седница ќе носат одлука за прогласување на Студенчишкото блато за Парк на природата.
Се очекува да биде усвоена изготвената студија за валоризација на просторот на Студенчишко Блато заради негово прогласување за заштитено подрачје.
Во продолжение целиот дневен ред од Седницата на Советото на општина Охрид, што е закажана за 30 јули во 11 часот.
Предлог-програма за измени на програмата за спорт и рекреација за 2020 година.
Предлог-програма за измена на програмата за активностите на општина Охрид вообласта на образованието за 2020 година.
Предлог-програма за измени на програмата за социјална заштита за 2020 година.
Предлог-програма за измени дополнувања на програмата други комунални услуги за 2020 година.
Предлог-програма за измени и дополнување на Развојната програма за изградба на системи за водоснабдување за период од 2020-2022 година.
Предлог-програма за измени и дополнување на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2020 година.
Предлог-програма за измени на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2020-2022 година.
Предлог –одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Охрид за 2020 година.
Предлог- одлука за давање согласност на општина Охрид за одобрување финансиска помош за град Нови Пазар – Р.Србија.
Предлог- одлука за давање согласност на одлуката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид за ослободување од партиципацијана деца кои посетуваат градинка.
Предлог-одлука за пренесување на правото на користење на ламинат со подлога и лајсни сопсвеност на општина Oхрид на ОУ „Григор Прличев“ Охрид.
Предлог-одлука за за пренесување на правото на користење на ламинат со подлога и лајсни сопсвеност на општина Охрид на ОУ „Свети Наум Охридски“ с. Пештани- Охрид.
Предлог-одлука за пренесување на правото на користење на ламинат со подлога и лајсни сопсвеност на општина Охрид на ОУ „Свети Климент Охридски“ Охрид.
Предлог измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2020-2022.
Предлог заклучок за усвојување на информацијата за изготвената студија за валоризација на просторот на Студенчишко Блато заради негово прогласување за заштитено подрачје.
Предлог одлука за предлагање прогласување на заштитено подрачје Студенчишко блато во категорија – “Парк на природата”.
Советнички прашања.