Судски експерти: Пендиков можел да се лекува и кај нас а не во Бугарија

Согласно типот на повредите Христијан Пендиков, можел целосно и успешно да се лекува и во нашите здравствени установи, а не да бара медицинска помош во Бугарија, како што и направи, кажа Зоран Котевски, експерт по судска медицина и криминалистика од ЈЗУ Клиничка болница „Трифун Пановски“ од Битола на денешното рочиште во охридскиот суд за случајот со нападот врз секретарот на поранешниот бугарски културен клуб во Охрид,.
Котевски рече дека кај оштетениот се регистрирани три тешки повреди нанесени со гола рака, додека сите останати се водат како телесни повреди. Тој потврди дека настанатите телесни повреди кај оштетениот успешно можат да се лекуваат и истите нема да остават трајни последици по неговото здравје.
Судијата Бојан Мартиноски ги сослуша и исказите на сведоците на одбраната, пријатели на првообвинетиот Илија
Спасески од Охрид и познаници на второобвинетиот Борче Ангелов од Битола. Се читаа и писмените докази на обвинителството, записници, пријави, полицискиот извештај од увидот спроведен на местото на настанот, како и лекарска документација.
Следното судско рочиште е закажано за 10. Септември.
Нападот на Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб„Цар Борис Трети“ во Охрид, се случи на 19 јануари пред кафуле во центарот на градот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани