Препораки при угриз од змија

Доколку дојде до каснување од змија најважно е да не се паничи, да се мирува и во најбрз можен рок да се побара лекарска помош. Не смее да се трча ниту бурно да се реагира. Каснатиот мора да остане смирен во седечка или лежечка состојба, советуваат лекарите.

Со порастот на температурите, зголемен е бројот на каснувања од змии  во охридскиот регион. Во два месеци  регистрирани се три случаи. Последниот  е турист од Холандија, кој бил каснат од отровна змија на охридското кале, тој е во стабилна состојба откако прими терапија со противотров.

-„Треба да не ја подврзувате раната односно местото на угризот, да не вшмукувате крв, да не ја подгорувате, ниту да ја отворате ниту да ја стиската. Не смее да се трча и паничи бидејки во тој момент се забрзува циркулацијата и ќе се забрза ширењето на евентуално испуштениот отров. Лицето треба да седи или да лежи и во најбрз можен рок да биде пренесено до најблиската болница“, изјави д-р Кристина Митреска во изјава за МРТВ.

Доколку се работи за угриз од отровна змија на местото се јавува силна болка, црвенило и оток.

 -Ќе се јави и оток на околните и регионалните лимфни јазли и тука е најопасна шоковата состојба која што  има предупредувачки знаци а тоа се мачнина, вртоглавица, главоболка гадење повраќање и на крајот шок, додава Митреска.

Граѓаните велат потребно  е  редовно одржување на зелените површини, но и поголемо внимавање во природа.

Да е чисто да е покосено да нема многу трева змиите штом ги стапниш касаат. Да ги тепаш не смееш,

Да внимаваат повеќе што да кажам, да се внимава тука градот нема што превентива да се внимава повеќе

Како да се заштитиме од напад на змии треба внимавање, да се внимава каде да се оди нема заштита. Да е чисто.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК)  велат постои опасност од присуство на змии во објекти во населени места, доколку дојде до угриз  граѓаните  да се јават на бројот 112 .

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани