Сугарески и Георгиевски на увид низ Охрид

Посветеноста на локалната и централната власт за уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро во согласност со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и неселективното применување на законските прописи, во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО, беа главните теми за кои денес разговараше градоначалникот Константин Георгиески  со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

 

Исто така, со министерот разговаравме и за актуелните инфраструктурни проекти кои општината ги реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски, како и за идните планови за заедничка соработка. Извршивме увид на градежните работи за реконструкција на улицата „Абас Емин“ каде што во моментов се работи на првата фаза од проектот за реконструкција на фекалната, атмосферската и водоводната мрежа, на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улицата „Македонски Просветители“, информира градоначалникот.

Social profiles