И покрај забраната високите казни и рестрикции, македонските сватови не се откажуваат од свадбените традиции.
Викендов во Охрид инспекторите затекнаа разиграни свадбари во еден угостителски објект. Кривична заработи сопственикот на ресторанот.
Од почетокот на пандемијата и забраната за свадбени веселби инспекторите во Охрид имаат изречено 15 кривични пријави за организирање на свадби во ресторани и хотели.
-,Кривична пријава, констатуирано е организирање на настан свадба и поднесена е кривична пријава во угостителски објект. Беше навреме разбрано, оти обично тие свадбените веселби се прават со дискреција па свадба е не е свадба и така“, вели Цветко Ристески раководител на Пазарен иснпекторат Охрид.
Изминатиов празничен викенд инспекторите во Охрид извршија 200 контроли на угостителски објекти.
-„ Со овие мали исклучоци овие три дена од продолжениот викенд и деновите во изминатата недела на поддрачјето на одделението за инспекциски надзор Охрид може да заклучиме дека се почитуваат мерките и протоколите. “,, додава Ристески.
Кривични пријави за организирање на свадби заработија и неколку локали од струшко, но во јавноста е познато дека свадбените веселби во струшките села се оргаизираат во приватните домови и дворови. Само во текот на летото беа санкционирани седум угостителски објекти,онаму каде што ќе упаднеле инспекторите биле бркани, навредувани со најразлични клетви.
Новинар Соња Рилковска
