Света Марија Магдалина – првиот сведок на Воскресението Христово

Според календарот на МПЦ денес се одбележува спомен на Света Марија Магдалина.

Марија Магдалена или Марија Магдала во апокрифите од Новиот Завет и во Новиот Завет е опишана како една од најважните женски личности во животот и мисионерството на Исус Христос]Марија Магдалена била доследна следбеничка на делото на Исус Христос во времето на неговиот живот и по него. Таа во движењето можеби станала позната во последните денови на Исус, патувајќи заедно со него и Апостолите. Според сите Четири Евангелија, Марија Магдалена била првиот сведок на Воскресението Христово

Мироносица рамноапостолна. Родум од местото Магдала крај Генисаретското Езеро, од племето Исахарово. Претходно мачена од седум зли дуохви, од кои ја ослободи Господ Исус и ја направи здрава. Верна следбеничка и служителка на Господ за време на Неговиот земен живот. Стоеше под Крстот на Голгота заедно со Пресвета Богородица и тагуваше горко. По смртта на Господ трипати го посети Неговиот гроб. Кога Господ воскресна, Го виде двапати: еднаш додека беше сама, а вторпат заедно со останатите жени Мироносици. Патуваше во Рим, излезе пред кесарот Тибериј и предавајќи му црвено обоено јајце го поздрави со зборовите: „Христос воскресна!“ Тогаш пред кесарот го обвини Пилат за неправедната осуда на Господ Исус. Кесарот го прими нејзиното обвинение и го премести Пилат од Палестина во Галија, каде што овој неправеден судија и заврши, во царска немилост и во тешка болест. Потоа од Рим се врати во Ефес кај Св. Јован Богослов, на кого му помагаше во делото на проповедањето на Евангелието. Со огромна љубов кон воскреснатиот Господ и со голема ревност му го јавуваше на светот Евангелието, како вистински Христов апостол. Се упокои мирно во Ефес и според Преданието погребана е во истата пештера во којашто беа чудотворно успиени во стогодишен сон Седумте отроци, после оживеани, па повторно умрени (под 4 август). Моштите на Света Марија Магдалина подоцна се пренесени во Цариград. Во близина на Гетсиманската градина се наоѓа прекрасен руски храм којшто ѝ е посветен на оваа светителка.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани