Свети Јован Крстител – илјадници верници во Бигорски

Денес се одбележува Отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител. На овој тежок празник црквата предвидела строг пост. 

Отсекување на главата на Св. Јован Крстител — еден од големите 15 христијански празници од есенскиот циклус којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 29 август, односно на 11 септември по стариот календар. Овој празник е познат под различни имиња како:Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен, некаде едноставно само Отсечение или Опсечение. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост.

Во рамките на прославата во манастирот Свети Јован Бигорски ,каде од синоќа доаѓаат илјадници верници кои клекнуваат пред чудотворната икона синоќа монашкото семејство се збогати за уште еден монах под името Антониј.

-“Нашата Света Обител, која и самата е едно силно и лично сведоштво за делото на Св. Јован, денес многу се радува, бидејќи во навечерието на празникот, Претечата и Крстител Господов на ангелска служба повикa уште еден член на Бигорското братство, кој се присоедини во монашките редови и стана земен ангел и небесен човек, добивајќи го името Антониј”, вели сестра Ефимија од манастирот во Рајчица. 

Ирод Антипа, синот на стариот Ирод, убиецот на Витлеемските младенци во времето на раѓањето на Господ Исус, беше господар на Галилеја во времето на проповедта на Свети Јован Крстител. Овој Ирод беше оженет со ќерката на арапскиот кнез Арета. Но бидејќи зол изданок од зол корен, Ирод ја протера својата законска жена и незаконски ја зеде за сожителка Иродијада, жената на својот брат Филип, којшто с ѐ уште беше жив. Против ова беззаконие стана Свети Јован Крстител и силно го изобличи Ирод. Ирод го фрли во затвор. За време на еден пир во неговиот дом во Севастија Галилејска пред гостите играше Салома, ќерката на Филип и Иродијада. И пијан и занесен од таа игра, Ирод ѝ вети на танчерката дека ќе ѝ даде с ѐ што ќе посака, па дури и кога би побарала половина од неговото царство. Наговорена од мајка ѝ , Салома ја побара главата на Свети Јован Крстител. Ирод нареди и му ја отсекоа на Јован главата во затворот, па му ја донесоа на Ирод на чинија. Учениците Јованови ноќе го зедоа телото на својот учител и чесно го погребаа, а Иродијада го избоде со игла Јовановиот јазик, а главата му ја закопа на некое нечисто место. Што стана понатаму со главата на Светиот Предвесник опишано е под 24 февруари. Но набрзо оваа група злосторници ги постигна Божја казна. За да ја измие честа на својата ќерка кнезот Арета удри со војска на Ирод и го порази до темел. Поразен Ирод беше осуден од кесарот Калигула на прогонство, најнапред во Галија, а потоа во Шпанија. Како прогонети Ирод и Иродијада живееја во беда и понижувања, додека земјата не се отвори и не ги проголта. Салома загина со зла смрт на реката Сикорис (Сула). Смртта на Свети Јован се случи пред Пасха, а празнувањето на 29 август е востановено затоа што тој ден е осветена црквата којашто на неговиот гроб ја подигнаа во Севастија Светиот цар Конастантин и неговата мајка, Светата царица Елена. Во таа црква се положени моштите на Јовановите ученици: Елисеј и Авдиј.

Илјадници верници вчера и денес го преполнија  манастирот Свети Јован Бигорски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани