Продолжена туристичката сезона на брегот на Охридското езеро.
До крај на месец октомври редовно и организирано ќе доаѓаат субвеницонираните туристи. Охрид очекува и следната година да продолжат субвенциите за странските гости, бидејќи изминативе години токму поради тоа нивниот број е повеќекратно зголемен.
-„ Ќе видиме што ќе биде во иднина дали ќе продолжи понатаму таквиот начин на субвенционирање, мегутоа мра да се каже дека тоа претатсавваше еден огромен придонес во зголемувањето на бројот на туристи. Иако некои можеби го третираа тоа како погрешен начин за развој на туризмот, сепак бројките и податоците покажуваат дека повеќекратно пораснач бројот на туристи“ , вели Ѓоко Апостолов раководител на Сектор за туризам.
Субвенционираните туристи се од клучно значење за туристичкото стопанство. Хотелите на охридското крајбрежје се полни со гости од мај до октомври.
-„Очекуваме да продолжат со истиот интензитет дури и во зголемен број, а ние од наша страна како хотелиери и туристички агенции ке ги пружиме најдобрите услови за да тие туристи се вратат задоволни а до година да имаме и поголем број на туристи и од разлиќни делови на светот“,вели Асим Меџедовиќ тур оператор.
Субвенционираните странски туристи кои добиваат аранжмани со попуст на база ноќевање со појадок или полупансион трошат пари во угостителските и трговските објекти во Охрид. Бенефит од нив има целото стопанство.
Новинар Соња Рилковска
Канал 5 ТВ