На седумдесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид на ден 11.09.2017 година (понеделник =) со почеток во 11,00 часот советниците ќе одлучуваат за Предлог Заклучок за прифаќање на Иницијативата за распишување на референдум на локално ниво.
Ќе се гласа за Предлог Одлука за распишување на референдум на локално ниво за прашањето за изградба на бегалски кампови.
Меѓу другото ќе се носи одлука и за прогласување на стариот чинар (platanus orientalis) на плоштадот „Чинар“ како „споменик на природата“ и усвојување на елаборатот за валоризација, санација и ревитализација на чинарот (platanus orientalis) на плоштад „Чинар“.