Светскиот виртуоз на виолина Џулијан Рахлин ќе го отвори 64-тото издание на фестивалот „Охридско лето“

Светскиот виртуоз на виолина Џулијан Рахлин ќе го отвори 64-тото издание на фестивалот „Охридско лето“. Станува збор за еден од највозбудливите и најпочитуваните виолинисти кој  ја маѓепсува публиката низ целиот свет со неговиот исклучително богат звук, беспрекорна изведба и маестрална интерпретација. Славниот виолинист и диригент ќе настапи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија.

– Од 12 јули до 20 август на отворените сцени, Антички театар, Долни Сарај, Предворје „Св. Софија“, како и  Црквата „Св Софија“ и Центарот за култура ќе пречекаме околу 800 уметници од 24 земји: Србија, Литванија, Словенија, Германија, Австрија, Велика Британија, Италија, Јапонија, Русија, Чешка, Венецуела, Бразил, Шпанија, Црна Гора, САД, Хрватска, Словачка, Романија, Грција, Кина, Полска, Франција, Белгија и секако, уметници од Република Северна Македонија, најави Поповиќ.

Уметничката  програма годинава на охридските сцени  ќе донесе 36 неповторливи доживувања од кои најголемиот дел од областа на класичната музика, шест театарски креации, и по една изложба и промоција на книга.

-Се трудам да ги следам реакциите на публиката и моите сопствени впечатоци и да дојдам до заклучок што недостасува и што би можело се промени, додаде или одземе. Како селектор на музичката пограма, но пред сѐ, како диригент, среќна сум што Македонската филхармонија ќе настапи на отворањето на фестивалот „Охридско лето“ после подолго време, токму во годината кога институцијата одбележува 80 години од нејзиното постоење, рече Чадловска.

–Првата премиера на „Охридско лето“ ќе се случи на 22 јули  со претставата „Галеб“ на Битолскиот народен театар, а во режија на Багријана Попов. После ова, на 28 јули,  следи уште една премиера на Шекспировата „Крал Лир“ во продукција на Lit Moon theatre company од Калифорнија, САД, а во копродукција со Финска, Ерменија, Македонија“, најави Сања Арсовска драмски селектор.

Организаторите ветуваат 40 незаборавни фестивалски денови. И на 64-тото  издание  фестивалот „Охридско лето “добива силна поддршка од Амбасадите на странските земји.

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани