СВР Охрид вработува 70 нови полицајци

МВР објави оглас за 600 полицајци, 70 за СВР Охрид.

Министерството за внатрешни работи објави јавен оглас за вработување на 600 полицајци. Според јавниот оглас за засновање на работен однос на 600 извршители на работно место-полицаец, за работа во Министерството за внатрешни работи, Охрид е меѓу секторите за внатрешни работи за прием на нови полициски службеници каде се предвидени 70 извршители. Според огласот, полицајци ќе се примаат и во Регионалниот центар Запад (охридско-струшкиот регион) како и во Регионалните центри за гранични работи – Север, Југ и Исток.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: да е државјанин на Република Северна Македонија; да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование; активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо; со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот; да има завршено најмалку четиригодишно средно образование; да е здравствено и психофизички способен и со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. Повеќе информации за јавниот оглас на www.mvr.gov.mk

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани