Тепачи нападнале полицаец во Охрид

Напаѓачите биле брзо приведени.

На 30 декември оваа година, во 03:50 часот, пред кабаре во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир, во кој П.С.(27) и Ѓ.В.(34), двајцата од охридското село Долно Коњско, физички нападнале полициски службеник.
-Напаѓачите биле совладани а потоа приведени во полициската станица. СВР Охрид, по целосно документирање на настанот, против нив ќе поднесе соодветна кривична пријава, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани