Во тепачката двајца задобиле силниповреди, префрлени се во болница.
Ноќеска во 00 часот и 30 минути, во угостителски објект во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир. Притоа, Н.Т. (26) и С.Т.(22), двајцата од Охрид, биле физички нападнати од, засега непознати лица кое биле гости во угостителскиот објект.
Тие, се здобиле со повреди поради што, со медицинско возило се префрлени на хируршкото одделение во Општата болница во Охрид. СВР Охрид, презема мерки за пронаогање на лицата и расчистување на настанот, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
