Ноќеска избила тепачка пред кафуле во Охрид.
Ноќеска во 00,30 часот, пред угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу А.Ш. (35) од Охрид и Д.Ј. (31), од селото Лешани-општина Дебарца.
-На А.Ш. му е укажана лекарска помош во Општата болница во Охрид а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
