Тепачка заради неотстапено првенство на минување

Кој има првенство на минување, никој не попуштал па се степале.

Вчера во 14 часот и 30 минути, на кеј „Македонија“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу 40 и 47 годишни охриѓани.
Тие, поради недоразбирање за отстапување на првенство на минување со автомобилите, започнале вербална расправија која набрзо прераснала во тепачка. Двајцата се повикани во СВР Охрид по што, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани