Сообраќајката била страотна, се судриле две возила.
Еден човек им подлегнал на повредите во директниот судар на автомобил Пежо и комбе, има повредени кои со возило на итна медицинска помош со пренесени во охридската болница. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски потврди дека „попладнево на патот Кичево-Охрид, помеѓу селата Ботун-Климештани и Мешеишта, општина Дебрца е случена тешка сообраќајна незгода во која има една жртва “. Портпаролот Димоски нагласи дека „моментно на местото на сообраќајната незгода се врши увид предводен од Јавен обвинител и полициски екипи“. Сообраќајот првично бил целосно бликиран а сега се одвива со наизменично пропуштање на возилата.