62 годишната жена била пренесена во болница.
Вчера во 14.20 часот било пријавено дека на улицата .„Железничка“ во Охрид, патничко возило „Пежо“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(33) од Охрид, удрило во пешакот З.С.(62) од селото Велгошти, охридско.
– Во незгодата таа се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..
