Тетовчанецот добил кривична.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.М. (45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
– Тој, со намера да прибави противправна имотна корист, на 27.06.2021 година, довел во заблуда повозрасен жител на Охрид, на кого, во телефонски разговор, претставувајќи се дека е лекар што го лекувал во една скопска болница, му кажал дека треба да му помогне на неговиот внук, кој на граничен премин имал проблем со автомобилот. Притоа, побарал и добил 40.000 денари, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
