Нашата посветеност во насока на почитување на законските прописи во делот на соодветното управување со крајбрежјето на Охридското Езеро, која е една од главните препораки на УНЕСКО, денеска доби голема поддршка од страна на Амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Н.Е. Кристијан Тимоние, информира градоначалникот Константин Георгиески.

-Амбасадорот Тимоние ги поздрави досегашните заложби и на локалната и на централната власт во рамки на целокупниот процес и сите активности во делот на почитување на Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион.
Оваа можност ја користам да упатам јавна благодарност до Амбасадата на Франција во нашата држава за искажаниот интерес во врска со актуелните состојби во Охрид и зачувување на нашите природни и културни богатства кои се заштитени од УНЕСКО, додаде Георгиески.
