Во Охрид 9 нови случаи на корона

Во последните 24 часа се направени 1363 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19.

Во: -Скопје 55 -Куманово 9 -Дебар 1 -Штип 1 -Прилеп 4 -Тетово 20 -Струга 2 -Велес 2 -Битола 1 -Охрид 9 -Гостивар 4 -Гевгелија 1 -Струмица 2 -Свети Николе 1 -Кичево 1 -Ресен 5 Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица од Скопје – пациент (58г) примен на 9 јуни, пациент (73г) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73г) примена во боницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72г) на 21 јуни, денеска е потврден неговиот позитивен резултат. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од: -Скопје 37 -Штип 3 -Прилеп 5 -Тетово 24 -Велес 1 -Гостивар 4 Досега во земјата се направени вкупно 53,248 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5311, бројката на оздравени пациенти е 2048, на починати е 251 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3012.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани