Топал: „До кога селективна правда – градам дом, а не хотел ќе ја барам правдата до крај“
„До кога државата ќе е за некој мајка за други маќеа. Ова повеќе неможе вака. Овој башибузук мора да сопре“, вели Спирко Топал кој крајно револтиран одлучи јавно да проговори за проблемите со кои се соочува последниов период.Неможи повеќе вака, вели тој.
„Градам куќа затоа што живеам во 35 квадрати, со сопругата и четири деца. Градам А4 објект за домување во населбата Рача, а не хотел, не викендичка. Правам куќа за живеење, а не капитален објект. Дивоградба ми ги прават ѕидовите и темелите. Немам објект . Кој дојде изгради хотели вили .. и истите веднаш им ги легализираат. Јас се до сега си имам платено. Сите одобренија ги имам добиено дека смеам да градам. Но, вчера ми ставија жилта лента дека неможам да градам, затоа што од агенцијата за државни патишта рекле мора да се стопира затоа што патот до кој го започнав објектот бил булевар“, вели Топал. Но, јавно прашувам, ако патот е булевар, зошто му дозволуваат да градат на познати бизнисмени кои ги градат околните објекти до истиот пат? Топал вели дека на ова прашање му образложиле дека до некаде имало план, а на потегот каде што е неговото земјиште немало план.Но, тука повторно прашувам вели тој: „ Ова не им држи затоа што ќе ги кажам сите објекти кои се градат, добиле дозволи легализирани се сега во дел кај што нема план“.
Но, тука повторно прашувам вели тој:
„ Ова не им држи затоа што ќе ги кажам сите објекти кои се градат, добиле дозволи легализирани се сега во дел кај што нема план“. Топал продолжува : „Ми рекоа одозгора да влегувам, но зошто ова правило не важи за сите туку само за мене? Сите влегуваат од овој пат.фото: Моменталниот дом на семејството Топал, каде живее со четири деца Сите гледаме како градат познати фунционери, бизнисмени… Сведоци сме како се даваат дозволи и се креваат објекти за два месеци … На стариот пат Охрид – Струга, до болницата за ортопедија и трауматологија Св Еразмо, само овој период се изградија три објекти.„Ја барам правдата и ќе ја барам. Охриѓани сите ме знаат, јас го сакам Охрид повеќе од сите .. на мое место неможам да напрам куќа, а околу мене се градат хотели. Нека види целиот свет како живееме. Зарем треба и јас да си одам од државава ??? Токму селективната правда ги избрка сите од оваа држава“, вели Топлал.