Од 29 до 31 март, ( вторник, среда и четврток) НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид организира сопствен саем на книги.
Читателите ќе можат да одберат книги од проектите на Министерството за култура и Владата: 130 тома Македонска книжевност , Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа, Ѕвезди на светската книжевност а направен е и избор од книги за продажба од сопствената продукција на Библиотеката.
Саемот за посета сите три дена ќе биде отворен во времето од 10 .00 до 18.00 часот. Дојдете и збогатете ги вашите Библиотеки со дела со трајни вредности, информираат од охридската библиотека.