Тројца охриѓани физички нападнале девојка и го оштетиле возилото и пповредиле лице што било во него.
На 18.02.2021 година во 00.00 часот, на паркинг простор на улицата „Асном“ во Охрид, С.К.(26), П.Д.(26) и М.Л., физички ја нападнале В.Т.(21), сите од Охрид. Притоа, напаѓачите со дрвен предмет го оштетиле стаклото на нејзиното патничко моторно возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, при што, со повреди се здобил Х.Б. кој се наоѓал во автомобилот. Напаѓачите, претходно на улицата „Асном“ во Охрид, физички го нападнале С.Б.(19) од Охрид. Против нив, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
