Три послаби земјотреси ноќеска во Охрид

Тлото во охридско се смирува и како што кажаа експертите тресе многу поретко и се со послаб интензитет.

Ноќеска се регистрирани 3 земјотреси. првиот во 1часот и 41 минута, со епицентар на 7 км од Косел и јачина од 3,1 степен. Дргуот во 03часот и 6 минути послаб со јачина од 2,2 степени, а третиот во 04 часот и 2 минути со јачина од 2,8 степени по Рихтер.

Земјотресите според експетите се очекувани и се сметаат за афтер шокови на посилните земјотреси кои еден месец го тресеа тлото во охридско. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани