Тројца охриѓани фатени со Марихуана

Тројца  охриѓани фатени со Марихуана.

 

Во едниот случај , на 29.06.2021 година, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, од слобода го лишија Б.М.С.(25) од Охрид. При претрес во куќа во Охрид што тој привремено ја користел, пронајдена и одземена е опојна дрога Марихуана, Тој е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во другиот случај , на  29.06.2021 година, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, извршија претрес во стан во Охрид што привремено го користеле М.Ѓ.(61) и Ѓ.Ѓ.(69), двајцата од Охрид. Притоа, пронајдена и одземена е опојна дрога Марихуана и 160 семки од растението Канабис сатива. Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани