Тројца професори од средните училишта во Охрид и тројца ученици во ОУ „Хрсто Узунов“ се позитивни на корона вирусот.
Нивните паралелки во моментов се во изолација. И покрај тоа што има поединени случаеви на заболени наставата во останатите охридски училишта непречно се одвива. Од локалната самоуправа велат запазени се сите протоколи на безбедност и заштита.
-„Обезбедени се средства за хигиена, дезинфекција, според протокол запазени се начините на влегување на учениците, контрола на учениците согласно протоколите на министерството за здарсвтво и образование. Можам да кажам дкеа во моментов наставата во сите основни и средни училишта во Охрид се одвива непречено, се разбира дека имаме поединечни случаи на заразени или позитивни на Ковид 19, но почитувајќи ги сите протоколи, наставиот кадар и директортите и родителите на училиштата постапуваат по протоколи и насоки“, вели Томе Џамтоски портпарол на општина Охрид.
Изминатиот период подобрени се условите во сите училишта во градот. Има услови за безбедна настава и во ек на пандмеијата, тврдат од локалната смаоуправа.
– „Како што знае јавноста имавме реновирање на голем де од училиштата во градот , условте, внатрешно ентериерно уредување. Така да наставата оваа учебна година се одвива в многу подобри услови и верувам дека ќе биде безбедно и во иднина и за наставниците и за професорите“, додава Џамтоски.
Сите позтивни на корона вирусот се во излоција и според епидемиолозите утврдени се сите контакти и цели паралелки на заразените се во изолација.
Во детските градинки во Охрид нема ниеден позитивен случај на корона вирусот, ниту воспитувачи ниту деца.
Новинар Соња Рилковска
