Операторот ТУИ за ова лето најавува 12 % повеќе туристи од земјите на Бенелукс во однос на лани.
Седум чартер летови неделно, секој ден по еден авион, ќе слетува на охридскиот ареродром во главната туристичка сезона. Во Мај, јуни и септември за Ајндховен и Амстердам ќе летаат четири чартер летови неделно.
Првиот лет од Амстердам преку операторот ТУИ доаѓа на 5 мај, а последниот заминува на 5 октомври.
.jpg)
– „Минатата година во тотал можам да кажам за операторот ТУИ имавме некаде околу 11 500 туристи. Оваа година генерачно очекуваме некоја бројка од 13 500 гости. Што значи ќе имаме пораст. Можам да кажам дека во споредба со лани исто така во високата сезона тоа се јули и август ќе имаме плус дополнителен лет кој ке слетува на охридскиот аеродром што значи ќе имаме вкупно седум неделно а лани иамвме шест“, вели Челик Асим директор на „Охрид Холидејс“ сервисери на тур операторот ТУИ.
За туристичките работници секој турист е добредојден, а особено странските гости, кои како најбројни доаѓаат преку субвенционираните тур оператори.Токму затоа сите чинители на туризмот почнувајќи од водичи, угостители, превозници, хотелиери, трговци треба да се потрудат да остават добар впечаток врз гостите.
.jpg)
–„Градот Охрид во тие месеци кога доаѓаат холанѓаните во градот сите оние субјекти во нашата бранша инволвирани во туризмот го чувтсвуваат бенефитот од холандските гости. Од хотелите, ресторани таксисти, трговци.. Има голем придонес доаѓањето на холанѓаните. Секако дека се многу важен фактор. Морам да кажам дека и останатите туристи кои што доаѓаат органзиирано од Послка од Турција секој дополнителен гостин во градот за нас е важен мегутоа важноста на холандските туристи е особена бидејки мислам дека тие се најмасовни“, додава Асим.
До пред неколку години Охрид беше препознатлива дестинација само за постарата генерација на туристи од земјите на Бенелукс. За среќа тоа веќе се менува, полека почнуваат да доаѓаат и помлади туристи.
Од земјите на Бенелукс и ова лето ќе доаѓаат голем број на гости и преку тур оператоот Корендон.
Новинар Соња Рилковска
