Турист од Холандија се удрил во камен во Охридското Езеро

„Повреденото лице од Холандија, кое удри во камен во Охридското Езеро, е преземено од Итната медицинска помош и е пренесено во Општата болница во Охрид на одделот за хирургија“, велат од ЦУК.

Турист од Холандија денеска напладне се повредил удирајќи се во камен во Охридското Езеро, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Оттаму велат дека повреденото лице со кајче било пренесено до пристаништето кај хотелот „Александрија“, од каде што со возило на Итната медицинска помош било однесено до охридската болница.

За случајот со повредениот Холанѓанец, ЦУК добил дојава преку единствениот повикувачки број за итни повици 112.

„Повреденото лице од Холандија, кое удри во камен во Охридското Езеро, е преземено од Итната медицинска помош и е пренесено во Општата болница во Охрид на одделот за хирургија“, се вели во соопштението од ЦУК.
Оттаму информираат дека лицето е надвор од животна опасност.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани