Современа алергодијагностика во охридската болница

Ни претставува задоволство да ве информираме дека на 22 Мај 2024 год. во хотел Unique Охрид, се одржа презентација на која се промовираа новитетите поврзани со современи лабораториски анализи, достапни во ЈЗУ Општа Болница Охрид.

Имено, оваа година, биохемиската лабораторија при ОБ Охрид се опреми со современи и целосно автоматизирани лабораториски апарати од производителот Сименс, кои овозможуваат скрининг, рана дијагноза и следење на третман на голем број заболувања. На презентацијата се истакнаа можностите за современа алергодијагностика, достапни во нашата лабораторија, со сите предности на тестовите и изборот на тестови за причинители на алергии. Се работи за високосензитивни алерготестови кои се прават со едноставно земање крв и даваат одговор за голем број можни причинители на алергиски реакции. Оваа најнова генерација на алерготестови може да се прави и кај возрасни и кај деца, без прекин на терапијата и дава одговор за степенот на сензибилизација на пациентот на одреден алерген.

Едно од позначајните достигнувања на нашата болница е што отсега е достапен неинвазивен биохемиски скрининг Приска, за трудници рано во бременоста. Имено, овој тип на скрининг се препорачува да се направи за секоја трудница – и истиот дава одговор за тоа дали постои ризик за некои од најчестите хромозомски нарушувања кај бебето. За да го направат овој скрининг на товар на ФЗОМ, пациентките од Охрид и околината нема да има потреба да патуваат и да се изложуваат на дополнителнно трошење време и средства, и отсега оваа услуга ќе можат да ја направат во нашата лабораторија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани