Известување за објавен Јавен повик на општина Вевчани за формирање на иницијативен одбор за конституирање на локално собрание за млади.
Согласно член 17 од Законот за младинско учество и младински политики, Општина Вевчани распишува:
ЈАВЕН ПОВИК НА ОПШТИНА ВЕВЧАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР (ИО) ЗА КОНСТИТУИРАЊЕ НА ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ ЗА МЛАДИ
Иницијативниот одбор е неформална група која има цел да се консултираат младите и да се застапат нивните интереси во креирањето на Локалниот младински совет (ЛМС или Совет/от).
Бројот на членови во Иницијативниот одбор е пет и тие членови имаат единствена функција да го формираат Локалното собрание за млади. Времетраењето на ИО е краткорочно и завршува со свикување на првото (конститутивното) Локално собрание на млади.
Општината е задолжена за нивна селекција и работата на ИО се координира и помага од службеникот/ката за млади во Општината.
Улога и задачи на Иницијативниот одбор:
– Поддршка на Општината во креирањето или ревидирањето на актите и одлуките кои го уредуваат формирањето и работата на ЛМС,
– Распишување повик за Конститутивното локално собрание на млади во согласност со Статутот на Општината по принципот на јавност и транспарентност,
– Соработка со Општината при организација и одржување на Конститутивното Локално собрание за млади.
Во ИО може да членуваат младински организации,организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои
работат и функционираат на територијата на Општината и сакаат да учествуваат во основањето на Советот.
**** Потребни документи:
– Писмо за намера за учество во Иницијативен одбор;
– Писмо со номинација за член во Иницијативен одбор и контакт-информации,
Начин на пријавување:
Email: contact@vevcani.gov.mk
Архива на општина Вевчани
Адреса: Општина Вевчани, 6335 Вевчани
Рок за пријавување: 5 работни дена од денот на објавување на веб страната на општина Вевчани
www.vevcani.gov.mk.