Турист од Задар Хрватска вчера беше нападнат и каснат од бездомно куче во центарот на Охрид.
При релаксирана прошетка како дел од групата во близина на градскиот плоштад едно куче бездомник, одненадеж без никаква претходна реакција се фрли на туристот и го гризна во пределот на левата задна подколеница.
–Бев со групата, одев последен , во близина имаше едно куче некоја средна големина и не делуваше воопшто агресивно. Одеднаш кога јас поминав за`рже и ме касна. Откако ме касна почна да лае и да ме напаѓа. Се свртија сите од групата и го набркаа“, појаснува Дарио Ивановиќ од Хрватска во зијава за Охриднет.ком.
Раната била видлива, ногата му крварела, па по препорака на туристичкиот водич со такси се упатил на Брза помош. Од таму го препратиле во градската болница, а таму остана два и пол часа.
-„Со сопругата се упативме на Брза помош. Таму им раскажав ме прегледа и ми рекоа да одам во болница на хируршко одделение. Отидов на хирургија ми ја исчистија и преврзаа раната, па ме испратија на Инфективно одделение каде требаше превентивно да примам тетанус вакцина. Таму чекав два часа. Не знаеја колку пари треба да ми наплатат бидејќи сум странец, појаснува Ивановиќ.
Во општата болница Ивановиќ плати околу 4000 денари.
43 годишниот Дарио Ивановиќ беше гостин со група кошаркари од Задар, кои денес имаат натпревар во Битола. Наместо на рекреативна прошетка и ручек во Охрид, тој дожевеа многу непријатно искуство.
Охриднет беше во контакт со семејството, случајот е пријавен во полиција. Повредениот најави дека ќе ја тужи општина Охрид односно ЈП „Охридски Комуналец“.
новинар Соња Рилковска
Не е дозволено копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините на Охридет,ком без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.