Туристички аниматор , или техничар за анимација и настани е новиот смер, кој од годинава се отвора во угостителското училиште „Ванчо Питошески“ во Охрид. Новиот профил на кадар ќе ја збогати и пополни потребата на туристичкото стопанство.
Аниматорот ќе се грижи да го пополни секое слободно време на туристите со разни екскурзии, авантури и настани. Почнувајќи од планинарење, велосипедизам, јавање магариња, парагајдинг, едрење, па се` до посета на културни манифестации и фестивали.
Станува збор за четиригодишен профил на средно образование.
– „Овој смер почнува во учебната 2019/2020 година. Како што кажав четиригодишно образование. Техничар на настани и анимации. Тоа е кадар што ќе биде оспособен да ги менаџира активностите на туристите во хотелите и во објектите. Во последно време сме сведоци на се поголем број туристи кои што сакаат се повеќе активности во текот на слобдното време. Овој аниматор би излегол во пресрет на тие побарувања. Мислиме овој профил ќе побуди голем интерес кај идните средношколци“, вели Марјан Радески директор на „Ванчо Питошески.

Учениците во стручното угостителско училиште добиваат доволно пракса и преку проекти имаат можности да стекнуваат искуство, учејќи од врвни експерти додека се на практична настава во странство.
–„Праксата како составен дел од ова училиште бидејќи голем дел од нашите ученици го поминуваат во угостителските објекти што е доста значаен елемент во усовршувањето на образоваието: Последните две години нашето училиште сплицира на повеќе проекти од Еразмус програмата и на голема среќа беа успешни рпеоктите. Лани два проекти а учениците беа во Барселона а сега во монетов се во Сицилија. Дваесет ученици цели три недели се во Броло Сицилија и работат во хотел на различни позиции во зависност од нивните занимања“, додава Маријан директор на училиштето.
Во угостителското училиште има два тригодишни профили келнери и готвачи. И четиригодишни профили на образование угостителски техничар за рурален туризам, хотелско туристички техничар. Годишно во стручното училиште се запишуваат во просек околу 60 ученици. Слабиот интерес се должи на малите плати во секторот угостителство.
Со отворањето на новиот смер – туристички аниматор се очекува зголемен интерес за туристичко угостителско образование.
Новинар Соња Рилковска
