Туризмот со помалку од 2% учествува во бруто домашниот производ во земјава.
Повеќе од очигледно е дека туристичкиот сектор не е толку важен во целокупното стопанство. Македонија и Охрид како главен турстички центар мора засилено да работат на зголемување на приходите од туризам.
Можеби нема капацитет да се стигне до милјарди туристи, но може да се следи примерот на Словенија каде туризмот е 13 % од бруто домашниот производ.
„ Преголема гужва да речеме има во Барселона, а до таму има уште многу, таму има премногу гости. Пример повторно ќе го земам Блед и Словенија која денес е на 13 % туризам и дека во следните години ќе достигне 15%. Вие сте некаде околу 1,6% што значи барем десет пати повеќе за да ја стигнете Словенија. Многу повеќе сте фокусирани да отворите нова фабрика отколку да воведете нов производ или услуга во туризмот“, вели Нико Славниќ директор на Џебен водич.(ИЗЈАВА ОД 29 МАЈ БЕЛВЕДЕРЕ ГО ИМАШ НА ВИТРАНСФЕР)
Македонија има услови да биде на ниво на Словенија, но за тоа е потребна долгорочна стратегја.
–„Многу е важна стратегијата како е насочена. Ако денес тргнете со план за некои десет години на пример или тој план го пишувате цели десет години тоа е разликата. Да речеме првата стратегија за гастрономија во Словеија е напишана во 2005 се тоа треба да се работи на долг рок. Ако сакаме да донесеме Мишелин ѕвезди треба да почнеме сега па за десет години да успееме“, додава Славниќ.
Треба јасно да се фокусираме кон изборот на категоријата на гости и за нив да се направи засебна понуда. Не може да се прават планинарски тури за туристи над 75 години,ниту пак за пензионери да се отвораат ноќни клубови и дискотеки. советуваат експертите.
– „Понудата и интересот за таа понуда и секако сегментирање на кого целиме. Не е доволно да кажеме само дека сакаме гости од Полска или Холандија туку тие сегменти мора детално да бидат дефинирани. Дали се тоа луѓе љубители на храна, дали сакаме луѓе кои ја сакаат екологијата, или се тоа пензионери. Денес слушнавме приказна дека дошле американци меѓу кои најмалдиот беше 77 годишен во Охрид а турата е направена за тридесетогидпни. Што значи било многу тешко за најстариот член на екипата која дошла во посета кој имал 92 години за него турата не е прилагодена“ , вели Славниќ.
Според Државниот завод за статистика земјава постојано бележи раст на полето на туризмот. Во периодот јануари – април 2019 година, споредбено со истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 2.4 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.4 %, а кај странските има зголемување за 1.0 %.
Новинар Соња Рилковска