Учениците од „Григор“ на едукативно предавање за штедењето

Ученици од одделенска настава од ОУ „Григор Прличев“, заедно со учителките Даниела Тупанческа V1, Даниела Печијареска V2 и Биљана Иваноска I1 имаа можност да присуствуваат на промоција во НЛБ Тутунска банка по повод Месецот на штедењето.


-„Банката за најмладите има подготвено проект/приказна преку ликовите Штуки и Тиби. Низ станици на боенка, блокчиња за цртање и масли со ликовите тие ги запознаа учениците со постепеното детско штедење. Во одлична атмосфера, учениците се запознаа со работењето на банката. Остварија контакт со вработените кои им ја објаснија целта на штедењето.
Целата приказна имаше вселенски карактер, штедењето влијае на сите нас и доколкусе штеди на иниректен начин се заштитува и нашата планета а и Сончевиот систем. Ова предавање/приказна беше едукативно успешна и истовремено побуди голем интерес кај нив“, информираат од училиштето.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани