Викендов СОУ “Јахја Кемал”-Струга, организираше Олимпијада по предметите математика и физика за ученици од основните училишта од регионот.
Учествуваа ученици од Охрид,Струга и Кичево, а најдобри беа од ОУ „Хисто Узунов“.
-„Особено е задоволството што дури четири ученици од ОУ”Христо Узунов”-Охрид беа во најдобрите седум во решавање на задачи по двата предмети.Тоа се учениците: Борче Исакоски,Горазд Блажески,Михаела Климоска и Дамјан Недески. Големо браво за ученикот Борче Исакоски кој го освои првото место при решавање на задачите од предметот физика, браво за постигањата на целиот тим!
Нашето училиште, традиционално , продолжува да нижи успеси и да ја негува љубовта кон науката,со што да се биде негов ученик или наставник е голема чест,предизвик и задоволство!“, информираат од училиштето „Христо Узунов“.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
